logo
logo
logo

Данската разузнувачка служба: Можен е воен судар на Северниот пол

Vecer | 18.12.2024

Данската разузнувачка служба: Можен е воен судар на Северниот пол

Во редовниот годишен извештај на данската одбранбена разузнавачка служба, е наведено дека безбедносните тензии се прошируваат на Арктикот, поради ризичното однесување на Русија и минималната меѓународна соработка, пренесува Ројтерс.

„Русија му дава приоритет на регионот и ќе покаже сила преку агресивно и заканувачки однесување што ќе повлече поголем ризик од ескалација отколку што досега беше забележано на Арктикот“, се вели во извештајот.

Копенхаген наведува дека се очекува Москва неволно да ѝ дозволи на Кина поголем пристап до Арктикот и дека Пекинг ќе го искористи тоа за да ја зајакне својата улога во регионот и да продолжи со своите планови за воспоставување воена база таму.

Се смета дека Арктикот е област од стратешко значење за распоредување на нуклеарни подморници кои можат да се сокријат под мразот и кои во случај на воен конфликт можат да извршат удари врз Северна Америка, Европа и Русија.

Рутата преку Северниот пол е и најкратката рута од Русија до САД, што ја зголемува веројатноста за користење ракети кои би биле истрелани во потенцијално воено сценарио, објаснува британската агенција.

Гренланд се наоѓа во арктичкиот регион, кој е самоуправна територија во рамките на Кралството Данска и каде се наоѓа американската воена база Питуфик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk