logo
logo
logo

Данска ГИ УКИНА сите мерки против Короната: ОВА Е СЛИКАТА ден после укинувањето

Vecer | 12.09.2021

Данска ГИ УКИНА сите мерки против Короната: ОВА Е СЛИКАТА ден после укинувањето

Неверојатни фотографии од преполниот стадион Паркен во Копенхаген се појавија во неделата на социјалните мрежи. Таму, на 11 септември, само еден ден по укинувањето на сите епидемиолошки мерки во Данска, се одржа концерт на данскиот панк бенд „The minds of 99“.

Распродадениот концерт, на кој присуствуваа околу 50.000 луѓе, потсетува на настани и концерти пред пандемијата бидејќи публиката е збиена, а сите мерки беа укинати поради добрата вакцинација, никој не носи маски и не треба да држи дистанца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @the_traveling_dad

На Фејсбук страницата на настанот пред концертот беа објавени инструкции за граѓаните кои доаѓаат на концертот, но во ниту една инструкција или забелешка не се споменувше корона вирусот. Организаторите дадоа сервисни информации за сообраќајот околу стадионот и класичните предупредувања дека не смеете да носите пиротехника на концертот, дека не смеете да пушите на стадионот и дека, да речеме, нема да има гардероби за оставање јакни.

Данците постепено укинуваа мерка по мерка во текот на изминатите неколку месеци се додека, конечно, не одлучија повеќе да не го класифицираат „Ковид-19“ како „социјално критична“ болест. Исто така на граѓаните не им треба потврда за ковид.

Фановите на бендот кои вчера беа на концертот не го кријат ентузијазмот за првиот ваков голем концерт во Данска по година и пол епидемиолошки мерки. Инстаграм е полн со фотографии од преполниотт Паркен.

- Конечно завршија сите ограничувања! За исполнет живот што ви дава вакви искуства, денес засипнав. Благодарам, напиша на Инстаграм фан на The Minds of 99 кој беше на концертот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk