logo
logo
logo

Дали Украина треба во НАТО - ШТО МИСЛИ ГЕРМАНИЈА

Vecer | 01.10.2022

Дали Украина треба во НАТО - ШТО МИСЛИ ГЕРМАНИЈА

Украина вчерааплицираше за членствово НАТО, а од САД добија „студен туш“. Процедурата за прием на Украина во НАТО би требало да се разгледа во друго време, изјави советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џејк Саливен.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не одговори на директното новинарско прашање дали Алијансата е подготвена да ја разгледа оваа апликација.

Од Германија малку поумерена порака.  Германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт изјави дека барањето на Украина за влез во НАТО ќе биде разгледано со сите членки на Северноатлантската алијанса.

„Украина е слободна да избере сојуз во кој ќе се чувствува безбедно. Ова барање е добредојдено. Сепак, има 30 земји кои треба да се изразат за ова прашање и ова не е изолирана одлука на Германија. Ситуацијата во Украина мора исто така да бидат земени предвид“, рече Ламбрехт, одговарајќи на прашања од новинарите за време на заедничкиот брифинг со молдавскиот министер за одбрана Анатолиј Носати во Кишињев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk