logo
logo
logo

Дали е ова одговор на прашањето: ЌЕ ИМА ЛИ РУСКО-УКРАИНСКА ВОЈНА?

Vecer | 11.04.2021

Дали е ова одговор на прашањето: ЌЕ ИМА ЛИ РУСКО-УКРАИНСКА ВОЈНА?

Москва не беше учесник во конфликт во Украина и не ја прифати можноста за војна со Укарина, изјави Димитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Путин за телевизијата "Русија 1".

Во емисијата водителот го потсетил Песков на изјавата дадена од Путин  дека Русија нема да ги напушти своите интереси во украински Донбас, и праша дали тоа може да доведе до војна со Украина.

Русија "нема намера да предизвика војна и никој не прифаќа никаква можност за таква војна. Но, никој не ја прифаќа ни можноста за граѓанска војна во Украина".

Песков потврди дека Русија никогаш не била страна во конфликт во Донбас, но и дека Русија нема да биде рамнодушна кон судбината на рускиот народ што живее таму.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk