logo
logo
logo

Го сака Гренланд!!!

(Видео) „ХИТЛЕР ВЕ ПРЕГАЗИ ЗА ЕДЕН ДЕН“ - Трамп повторно шокира со изјавите

Vecer | 08.07.2026

(Видео) „ХИТЛЕР ВЕ ПРЕГАЗИ ЗА ЕДЕН ДЕН“ - Трамп повторно шокира со изјавите

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги шокираше европските сојузници со изјавата на самитот на НАТО во Анкара, порачувајќи дека САД по Втората светска војна „не требало да му го вратат Гренланд на Данска“. Говорејќи за Гренланд, Трамп извлече историски контекст од нацистичката окупација за да ги оправда своите територијални претензии кон овој стратешки важен остров.

Тој наведе дека, пред сè, за да се знае, Гренланд е многу важен за Соединетите Држави, но воопшто не е важен за Данска. Трамп додаде дека кога нацистите ја прегазиле Данска за помалку од еден ден – при што Хитлер ги победил во еден ден и ја презел власта – Данците побарале од САД да ја преземат грижата за Гренланд.

Трамп продолжи со став дека САД всушност го зеле Гренланд, а потоа глупаво го вратиле. Тој потенцираше дека не требало да го вратат бидејќи тие се оние на кои им е потребен за заштита на светот, а не само на Соединетите Држави. Според него, островот не ѝ користи на Данска, но им користи на САД и за нив тоа е многу важно. Американскиот претседател повтори дека Данците биле поразени многу брзо од нацистите и Хитлер, за помалку од еден ден, и кога тоа се случило, веднаш го префрлиле Гренланд на САД. Тој истакна дека островот бил нивен, тие се грижеле за него, а потоа го вратиле без да знае ни зошто. Трамп направи паралела и со Панамскиот Канал, велејќи дека тој сигурно не би го вратил ниту него, особено сега кога Кина се обидува да го преземе Панамскиот Канал, нагласувајќи дека тоа нема да се случи и заклучувајќи дека сето тоа е интересно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk