logo
logo
logo

РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДЕПОРТАЦИИ ОД ЕУ - Строг курс против илегалната миграција

Vecer | 28.04.2026

РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДЕПОРТАЦИИ ОД ЕУ - Строг курс против илегалната миграција

Европската Унија бележи рекордно ниво на депортации на илегални мигранти, но Брисел смета дека постојните правила сè уште се недоволно ефикасни. Еврокомесарот за миграции, Магнус Брунер, откри дека во 2025 година стапката на вратени лица се искачила на 28 проценти, што е највисока бројка во оваа деценија. Иако минатата година биле депортирани околу 135.000 луѓе од вкупно 491.000 со налог за напуштање на ЕУ, Брунер инсистира на итно усвојување на нова Регулатива која вклучува подолг притвор и контроверзните „центри за враќање“ надвор од територијата на Унијата.

Истовремено, Германија под раководство на канцеларот Фридрих Мерц прогласи значаен успех во миграциската политика. Бројот на барања за азил во Германија се намалил за дури 51 процент во споредба со претходната година. Како потврда за строгиот курс, ноќеска од аеродромот Лајпциг полета чартер-лет со 25 осудени авганистански криминалци директно за Кабул. Меѓу депортираните се лица осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи силувања, убиства и трговија со дрога.

„Бројките зборуваат сами за себе. Тие толку јасно и значително се намалија што можеме да кажеме дека решивме голем дел од проблемот“, изјави канцеларот Мерц во своето известување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk