logo
logo
logo

Бурџ Ал Араб е погоден (ВИДЕО)

Vecer | 01.03.2026

Бурџ Ал Араб е погоден (ВИДЕО)

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади.

Ирански дрон го погоди петзвездениот хотел Бурџ Ал Араб во Дубаи. Засегнатиот хотел, висок 321 метар и со 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.

Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и е поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а архитектонски е обликуван како едра на традиционален арапски брод „дхоу“.

Хотелот често се опишува како „седумѕвезден хотел“, иако официјално има пет, и е познат по ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодром на врвот од зградата, кој стана место на бројни промотивни настани и спортски спектакли.

Меѓународниот аеродром во Дубаи беше погоден и од дрон. По инцидентот, во градот беше започната евакуација на населението. Луѓето се упатени кон подземните паркинзи.

Четири вработени се повредени, а ситуацијата брзо е ставена под контрола, соопшти Канцеларијата за медиуми во Дубаи.

Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот, кои, во координација со надлежните органи, ја управуваат ситуацијата. На повредените вработени им е укажана медицинска помош. Во соопштението за медиумите се додава дека повеќето терминали, во согласност со постојните планови за вонредни ситуации, веќе се испразнети од патници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk