logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА ВО САРДИНИЈА: Сопругата на шефот на Луфтханза усмртила млада дадилка на пешачки со БМВ, па паднала во несвест

Vecer | 11.07.2025

ТРАГЕДИЈА ВО САРДИНИЈА: Сопругата на шефот на Луфтханза усмртила млада дадилка на пешачки со БМВ, па паднала во несвест

Трагична сообраќајна несреќа се случи на италијанскиот остров Сардинија во која животот го загуби 24-годишната Гаја Ц., млада дадилка од градот Темпио Паусанија. Несреќата се случила во вторник околу 13:30 часот во Порто Черво, додека Гаја го преминувала пешачкиот премин на улицата Виа Ага Кан. Во тој момент, на неа налетал црно БМВ Х5 со германска регистрација и ја усмртило на самото место.

Според италијанските медиуми, возилото го управувала 51-годишната Вивијан Шпор, сопруга на Карстен Шпор, извршен директор на германската авиокомпанија Луфтханза. Семејството Шпор со години одмара на Сардинија, каде што поседуваат луксузна резиденција, објавува „Блик“.

Италијанското обвинителство истражува сомнително убиство од небрежност во сообраќајот.

Според „Ла Република“, Шпор била во целосен шок по несреќата, а наводно дури и накратко ја изгубила свеста кога сфатила сериозноста на ситуацијата.

Сардинискиот весник „Л'Унионе Сарда“ пишува дека возачката првично не била свесна дека удрила некого, сè додека минувач не ја запрел тропајќи по прозорецот на возилото.

Тестот за дрога и тестот за алкохол покажаа негативен резултат, но истражителите не ја исклучуваат можноста таа да користела мобилен телефон во времето на несреќата. Нејзината ќерка наводно била исто така во автомобилот, додека Карстен Шпор не бил присутен.

Адвокатот на семејството Шпор ја потврди несреќата и рече дека биле погодени од трагедијата и дека се во контакт со семејството.

„Изразуваме најдлабоко сочувство. Сега е време надлежните органи да ги расветлат сите околности“, рече адвокатот.

Вивијан Шпор, позната по својата хуманитарна работа и ангажман во рамките на фондацијата „Хелп Алијанс“ на Луфтханза, е ценета во Германија за нејзиниот општествен и културен придонес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk