logo
logo
logo

ЦРН БИЛАНС: Секоја минута 160 луѓе умираат од корона во Европа

Vecer | 15.04.2021

ЦРН БИЛАНС: Секоја минута 160 луѓе умираат од корона во Европа

Повеќе од милион смртни случаи поврзани со ковид-19 се пријавени во Европа од почетокот на пандемијата, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге на прес-конференција рече дека ситуацијата во регионот останува „сериозна“ и покрај забрзувањето на програмите за вакцинација.

"Имаме 1,6 милиони нови случаи секоја недела. Тоа се 9 500 нови инфекции на секој час и 160 луѓе умираат секоја минута", рече Клуге, цитиран од Си-Ен-Ен.

Европскиот регион на СЗО се состои од 53 земји и вклучува и земји кои не се членки на ЕУ, како што се Турција и Русија.

Клуге додаде дека падот на стапката на инциденца е забележан „само кај најстарата“ популација и дека хоспитализацијата сепак останува „на високо ниво“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk