logo
logo
logo

COGAT: Над 300 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа преку Израел

Vecer | 15.08.2025

COGAT: Над 300 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа преку Израел

„Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на истиот извор наведува дека Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации, кои се задолжени за дистрибуција на помош до жителите на Газа, вчера од палестинската страна презедоа над 390 камиони со помош.

Покрај копнените испораки, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Германија, Белгија, Италија и Франција извршија испораки на помошта по воздушен пат, наведе израелската војска.

ОН проценува дека за соодветно снабдување на двата милиони луѓе во Газа, дневно се потребни околу 600 камиони со помош, што значи дека сегашното ниво на испорака не ги задоволува сите хуманитарни потреби.

COGAT, исто така, изјави дека во Газа влегле цистерни со гориво наменети за основните хуманитарни системи, како и дека е овозможен ротирачки влез и излез на хуманитарните работници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk