Повеќе американски официјални лица велат дека САД веројатно ќе задржат 100.000 војници стационирани во Европа уште некое време, освен ако Русија не започне сериозно да им се заканува на Шведска и Финска или членките на НАТО.
Може да има и привремено зголемување на бројот на војници доколку НАТО спроведе повеќе воени вежби во регионот, а САД би можеле да подигнат дополнителни бази во Европа доколку се промени безбедносното опкружување, додаваат официјални лица, пренесува CNN.
САД го зголемија бројот на своите војници во Европа по руската инвазија од околу 60.000 на 100.000; за поддршка на НАТО.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата