logo
logo
logo

Човекот зад вакцината на „Фајзер“ конечно проговори: Еве која мутација го загрижува најмногу

Vecer | 28.04.2021

Човекот зад вакцината на „Фајзер“ конечно проговори: Еве која мутација го загрижува најмногу

Еден од основачите на „Бајонтек“, Угур Сахин изрази уверување дека вакцината која неговата компанија ја разви заедно со „Фајзер“ заштитува и од индиската мутација на коронавирусот.

„Се уште ја тестираме индиската мутација, но таму има мутации на кои ние ја тестиравме вакцината и против кои вакцината е ефикасна. Значи, оптимист сум“, изјави Сахин, при тоа додавајќи дека вакцината е направена на паметен начин - односно е направена за да издржи многу.

„Меѓутоа, ако мораме да го зајакнеме бедемот, тогаш тоа и ќе го направиме, не сум загрижен“, изјави Сахин.

Да потсетиме, Светската здравствена организација предупреди дека варијантата на коронавирусот за која се верува дека предизвика нагло ширење на епидемијата во Индија, веќе е откриена во 17 земји ширум светот.

Варијантата „Б.1.617“ позната како и двојниот мутант откриена е во повеќе од 1,200 вирусни секвенци внесени во базата на податоци “GISAID” од најмалку 17 земји, соопштија од Светската здравствена организација. Најголемиот дел од овие случаи се од Индија, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и Сингапур.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk