Чолаку рече дека гласал Романија да продолжи да биде дел од Шенген зоната, ЕУ и НАТО, пренесе Аџерпрес.
Чолаку е ја предводи листата на кандидати на Социјалдемократската партија за Претставничкиот дом на романскиот Парламент.
Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска по гласањето на парламентарните избори изјави дека гласал за европскиот пат на Романија.
-Романците го избраа евроатлантскиот пат и добро го избраа. Ние сме добро интегрирани во ЕУ, добро сме позиционирани и многу нè почитуваат во НАТО. Но, за да остане така, мора да гласаме на тој начин, рече Јоханис.
Романците денеска на својот Национален ден избираат пратеници на новиот парламентарен состав со четиригодишен мандат.
Изборите се одвиваат во атмосфера на политички превирања и во моментот кога Уставниот суд донесе одлука за пребројување на гласовите од првиот круг на претседателските избори.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата