logo
logo
logo

Членовите на делегациите на Трамп и Путин, како и новинарските екипи се сместени во студентски дом во Енкориџ

Vecer | 15.08.2025

Членовите на делегациите на Трамп и Путин, како и новинарските екипи се сместени во студентски дом во Енкориџ

Поради големиот метеж во Анкориџ пред самитот меѓу рускиот и американскиот претседател, дел од делегациите на Владимир Путин и Доналд Трамп се сместени во студентски домови на Универзитетот во Алјаска, објавија локалните власти и универзитетската администрација.

Портпаролот на Универзитетот во Алјаска во Анкориџ (UAA), Рајан Бухолд, изјави дека тимот за безбедност на кампусот тесно соработува со федералните и локалните агенции за спроведување на законот за да се обезбеди безбедноста на делегациите и персоналот, објавија локалните медиуми.

„Нашата главна цел е сите гости, без разлика дали се од САД, Русија или други земји, да можат безбедно да ги завршат своите задачи и да се вратат дома“, рече Бухолд.

Недостатокот на сместување во градот доведе до тоа делегациите, како и дел од медиумските тимови, да бидат сместени во студентски домови и во Центарот „Аласка ерлајнс“ на универзитетскиот кампус.

Хотелските капацитети и агенциите за изнајмување автомобили во Анкориџ се целосно резервирани, изјави градоначалничката Сузан Лафранс, додавајќи дека Алјаска е исклучително популарна туристичка дестинација во текот на летото, поради што се бараат „креативни решенија“ за гостите.

Самитот Путин-Трамп се одржува во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон (JBER) во близина на Анкориџ.

Предвидено е претседателите да се сретнат приватно, по што ќе следи билатерален ручек во проширен формат со делегации, како и заедничка прес-конференција.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, потврди дека, во случај на позитивни резултати од состанокот, Трамп би можел да предложи вклучување на украинскиот претседател Володимир Зеленски во продолжението на преговорите.

Улиците на Анкориџ се под зголемена контрола на безбедносните служби, а десетици прес-екипи од целиот свет веќе се распоредени на контролните пунктови околу базата JBER.

Локалните училишта продолжија да работат, но администрацијата на училишниот округ испрати известување до родителите да ги следат сите безбедносни аспекти, со оглед на можните сообраќајни и логистички компликации поради самитот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk