logo
logo
logo

Четири месеци затвор за шлаканица на францускиот претседател

Vecer | 10.06.2021

Четири месеци затвор за шлаканица на францускиот претседател

Суд во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон, на четири месеци затвор, јави телевизијата БФМ.

Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но им рече на истражителите дека не го сторил тоа со умисла.

Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.

За време на посетата на регионот Тан Лермитаж пред два дена, Макрон се приближи до група граѓани за да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шлаканица, повторувајќи ја фразата „Долу Макронија” и претставувајќи се како анархист, по што интервенираше обезбедувањето на Претседателот.

Полицијата по инцидентот го уапси Тарел, за кого истражувачите велат дека не и бил познат на полицијата пред инцидентот, а приведен е и неговиот пријател, кој го снимил инцидентот.

За напад на јавен службеник во Франција се предвидува максимална затворска казна од три години и парична казна од 45 000 евра.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk