На престолот на Велика Британија ја наследи својата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина по 70 години владеење. По свечената церемонија во Лондон, кралот Чарлс беше прогласен за крал и на Канада на свечена церемонија во официјалната резиденција на генералниот гувернер во Отава.
Сега Чарлс е прогласен и за шеф на државата Австралија и Нов Зеланд. Во Нов Зеланд, во парламентот во Велингтон, тој беше прогласен за монарх. Тој е и шеф на државата во Австралија, иако неговата улога е главно церемонијална.
- Кралот Чарлс постојано ја покажува својата длабока грижа за нашата нација. Нашите луѓе длабоко го ценат овој однос. Не се сомневам дека ќе се продлабочи – изјави Џасинда Ардерн, премиерка на Нов Зеланд.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата