Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува планови за потенцијални воени дејствија против Иран, покажуваат информации од разузнавачки извори. Како можна цел се наведува подземниот нуклеарен комплекс во Фордо.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, категорично ја одби можноста за безусловно повлекување, нагласувајќи дека Иран нема да се покори.
Израел продолжува со напади насочени кон ирански стратешки локации, како што се нуклеарните и ракетните постројки, додека одговорот на Техеран следи преку ракетни лансирања.
Во меѓувреме, американски воени сили се распоредуваат поблиску до регионот, а властите на САД испратија упатства и план за евакуација на американските граѓани кои се наоѓаат во Израел. Ситуацијата станува сè понестабилна, а за денес се најавени нови дипломатски иницијативи во Вашингтон со цел надминување на кризата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата