logo
logo
logo

СЕ УРНА воен АВИОН ВО ФРАНЦИЈА, има ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

Vecer | 10.04.2026

СЕ УРНА воен АВИОН ВО ФРАНЦИЈА, има ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

Двајца пилоти денеска се тешко повредени откако нивниот авион се урна за време на тренажен лет на военото воздухопловство во близина на планината Монтањ де Лур во Франција, пренесуваат локалните медиуми.

Како што соопшти француското Министерство за вооружени сили, пилотите се во критична состојба и итно се префрлени во болница. Несреќата се случила во текот на претпладневните часови во ненаселено подрачје, додека авионот изведувал вежба на мала височина.

Надлежните служби веќе работат на утврдување на причините кои довеле до падот на леталото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk