Унгарскиот
премиер Виктор Орбан вчера изјави дека Европа си игра со оган, „на границата
меѓу мирот и војната“ и дека е загрижен за нејзината иднина.
Истакнувајќи дека
војната во Украина трае веќе две години, Орбан во интервју за радио станицата
„Кошут“ рече дека европските лидери воведуваат санкции, спроведуваат стратегии
и „од ден на ден не се движат од војна во мир. туку од мир во војна“, пренесува
МТИ.
Тоа е многу
опасно и загрижен сум за иднината на Европа“, изјави унгарскиот премиер.
Орбан исто така
изјави дека Унгарија нема да дозволи да биде принудена да влезе во војна по
трет пат, откако учествуваше во Првата и Втората светска војна.
Претодно тој
изјави дека Унгарија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана и следната
година доколку војната во Украина продолжи до 2025 година, со што ќе се намали
износот на расположливите средства за други трошоци.
Орбан дека е
загрижен за иднината на Европа и дека унгарската влада нема да дозволи Унгарија
да биде принудена да влезе во војна по трет пат, откако учествуваше во Првата и
Втората светска војна.
Премиерот на
Унгарија смета дека е потребно европско безбедносно решение во кое ќе биде
вклучена Русија и дека американската воена индустрија најмногу профитирала од
војната во Украина, откако САД испратија најголема воена помош во Киев.
„Нашето историско
искуство со војната е дека можете само да изгубите. Колку поблиску сте до
воената зона, толку е поголема цената што ја плаќате“, рече Орбан.