logo
logo
logo

По разговорот со Трамп, Владимир Путин му се јавил и на папата Лав Четиринаесетти

Vecer | 04.06.2025

По разговорот со Трамп, Владимир Путин му се јавил и на папата Лав Четиринаесетти

Путин го потврди својот интерес за постигнување мир во Украина преку дипломатски средства, соопшти Кремљ. Рускиот претседател, исто така, изрази благодарност до папата за неговата подготвеност да помогне во решавањето на кризата.

Путин го информираше Папата за договорите постигнати во Истанбул, за размена на затвореници и тела на загинати, со Украина.

Ватикан претходно понуди да биде домаќин на разговори меѓу Русија и Украина.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони неодамна изјави дека поглаварот на Римокатоличката црква, во телефонски разговор, ја потврдил подготвеноста на Ватикан да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно оцени дека сценариото за одржување на оваа средба во Ватикан е нереално.

„Би било срамно Ватикан да биде домаќин на состанок на две православни земји Русија и Украина“, забележа Лавров.

Италијанскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Антонио Тајани изјави дека Ватикан сè уште може да стане место за преговорите за Украина во нивната последна фаза.

Советникот на Патријархот Московски и на цела Русија, протоереј Николај Балашов, оцени дека не е добра идеја Ватикан да биде домаќин на преговори меѓу Москва и Киев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk