logo
logo
logo

МОСАД ЦЕЛ НА ИРАНСКИОТ НАПАД? Израел ќути, но има кратер (ВИДЕО)

Vecer | 02.10.2024

МОСАД ЦЕЛ НА ИРАНСКИОТ НАПАД? Израел ќути, но има кратер (ВИДЕО)

Иран вчера истрела околу 200, а според некои извори и 400 балистички ракети кон Израел. Тоа е најголемиот воен напад на Иран врз Израел во историјата. Иран тврди дека е „самоодбрана“ и се закани со многу поголем напад во случај на израелска одмазда.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по иранскиот ракетен напад врз Израел, изјави дека Иран направил „голема грешка“ и дека „ќе плати за тоа“.

На отворањето на состанокот на безбедносниот кабинет во Ерусалим, Нетанјаху нагласи дека синоќешниот напад врз Израел бил неуспешен.

Се уште не е познато дали седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад во Тел Авив било цел на ирански ракетен напад, но Израелците тврдат дека ниту една ракета не го погодила комплексот.

Но, камерите снимиле голем кратер пред седиштето на Мосад, пренесе Б92.

Освен тоа, израелската телевизија КАН објави дека во градот Ход Хашарон на северот на Израел, во ирански напад со балистички ракети биле оштетени околу 100 домови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk