logo
logo
logo

Брза помош удрила велосипедист, па му наплатила превоз до болница

Vecer | 10.11.2024

Брза помош удрила велосипедист, па му наплатила превоз до болница

Во тужбата, Хош бара отштета од 997.000 долари за болка, страдање и медицински трошоци, објави „Гардијан“.

Несреќата се случи во октомври 2022 година, додека Хош се движел со велосипед низ округот Колумбија.

Возилото на Брза помош му го скршила носот кога се обидела да сврти десно.

По несреќата, Хош бил однесен во болница, а набрзо добил сметка за 1.862 долари „за превоз до болницата“.

Во тужбата, поднесена на 24 октомври минатата година, Хош тврди дека се здобил со трајни повреди и дека неговите медицински трошоци во моментов достигнале 47.000 долари, со очекувани дополнителни трошоци од 50.000 долари, пренесува Танјуг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk