logo
logo
logo

Бројот на повредени во судирот на двата трамваи во Стразбур се зголеми на 68

Vecer | 12.01.2025

Бројот на повредени во судирот на двата трамваи во Стразбур се зголеми на 68

Трамваите се судрија во тунел во близина на главната железничка станица во Стразбур, една од најпрометните во Франција, по Париз.

„Во несреќата се повредени 68 лица, но никој не е тешко повреден“, соопшти префектурата Долна Рајна, чиј главен град е Стразбур.

Од несреќата неповредени излегле стотина патници.

Според првичните резултати од истрагата, еден трамвај се лизнал наназад на угорницата и удрил во трамвајот зад него, што стоел.

Трамвајот, што застанал пред следната станица поради гужва и застој на шините, од непозната причина тргнал наназад.

Обвинителството покрена истрага за утврдување на причините за несреќата и изнаоѓање докази за евентуална кривична одговорност.

Трамвајскиот сообраќај на оваа пруга е во прекин и нема да продолжи во следните неколку часа, соопштија од градските железници (ЦТС).

Патрик Мацијевски, претседател на ЦТС, рече дека ќе треба да се утврди зошто дошло до несреќата.

-Засега се уште не знаеме дали се работи за човечка грешка или се работи за материјално-технички проблем, изјави Мацијевски.

Тој посочува дека превозот со трамвај е најбезбеден бидејќи можат да возат најмногу до 70 км/ч, а во најтесниот дел од градот брзината е ограничена на 30 км/ч.

Стразбур беше првиот голем француски град кој во 1994 година ги врати во употреба трамваите и оттогаш немаше поголеми несреќи./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk