logo
logo
logo

Бројката на заразени со Ковид-19 во Јужна Азија надминува 30 милиони!

Vecer | 28.05.2021

Бројката на заразени со Ковид-19 во Јужна Азија надминува 30 милиони!

Бројот на заразени лица со Ковид-19 во Јужна Азија надмина 30 милиони, според официјалните податоци на Ројтерс, од нив предводи Индија, која се бори со вториот бран, додека целиот регион нема вакцини.

Индија, втора најнаселена земја во светот, забележа најголем број на смртни случаи од Ковид - 19 овој месец, од почетокот на пандемијата минатата година.

Јужноазискиот регион - Индија, Бангладеш, Пакистан, Бутан, Непал, Малдиви и Шри Ланка - чинат 18% од глобалните инфекции со ковид-19 и скоро десет проценти на смртни случаи од корона вирус ширум светот.

Но, постои оснивано сомневање дека официјалните бројки на смрт и инфекции не ја покажуваат реалната големина на проблемот.

Овој месец, Индија започна кампања за вакцинација против коронавирус за сите луѓе постари од 18 години, а сепак иако е еден од најголемите производители на вакцини во светот не успеа да обезбеди доволен број на дози за своето население.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk