logo
logo
logo

Бродот што удри во мост во Балтимор, учествувал во инцидент и во Белгија пред 8 години

Vecer | 27.03.2024

Бродот што удри во мост во Балтимор, учествувал во инцидент и во Белгија пред 8 години

Бродот Дали е сопственост на данската компанија Maersk и утринава исплови за Шри Ланка, пренесува Reuters.

Долг е 289 метри и пловел под знамето на Сингапур, пренесоа американските медиуми, наведувајќи дека нема повредени меѓу членовите на екипажот.

Бродот Дали рано утринава удрил во еден од потпорните столбови на мостот, по што металната конструкција се урнала во реката Патапско, а најмалку седум автомобили паднале во водата.

Мостот Френсис Скот Ки е изграден во 1972 година и е долг околу три километри и има четири сообраќајни ленти лоцирани на 56 метри над реката.

Отворен е за сообраќај во 1977 година и го добил името по Френсис Скот Ки, кој ја напишал американската химна во 1814 година, прославувајќи ја американската победа над Британците во битката кај Балтимор.

Според податоците на Транспортната управа во Мериленд, годишно преку овој мост поминуваат 11,3 милиони возила.

Градските власти на Балтимор објавија дека најмалку седум возила со околу 20 луѓе паднале од мостот во реката Патапско, а едно лице е тешко повредено.

Си-Ен-Ен објави дека извршниот директор на округот Балтимор Џони Олшевски потврдил дека започнале спасувачките операции со нуркање.

„Со изгрејсонце конечно можеме да започнеме со нуркачки операции. За жал, не можевме порано“, рече Олшевски.

Властите на округот Балтимор соопштија дека истрагата за тоа што се случило е во тек, истакнувајќи дека фокусот е на потрагата и спасувањето на преживеаните.

Полицијата во Балтимор соопшти дека нема индикации дека станува збор за терористички акт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk