„Преживеаните известуваат дека тргнале на 17 март од Сфакс, Тунис и дека ги имало 56. По неколку часа пловење, бродот почнал да дишне и да зафаќа вода. Пронајдени се шест тела, а 40 се водат за исчезнати“, напиша на мрежата Х Кјара Кардолети, претставник на УНХЦР во Италија.
Според италијанските медиуми, бродската несреќа се случила кај италијанскиот остров Лампедуза, а спасени се десет лица - четири жени и шест мажи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата