logo
logo
logo

БРИТАНСКИТЕ лекари предупредуваат: Бидете внимателни, индискиот сој е најопасен и заразен!

Vecer | 18.06.2021

БРИТАНСКИТЕ лекари предупредуваат: Бидете внимателни, индискиот сој е најопасен и заразен!

Британските лекари го идентификуваа индискиот сој на новиот коронавирус како најопасен и заразен, покажува студијата објавена во „Лансет“.

Специјалисти анализираа случаи на пациенти во Шкотска помеѓу 1 април и 28 мај оваа година. Кај 99 отсто од нив е извршен целосен преглед на текот на болеста. За време на разгледуваниот период, регистрирани се 19.543 потврдени случаи на вирусот.

-Врз основа на добиените податоци, истражувачите заклучуваат дека ризикот од хоспитализација кај пациенти со индиски сој на Ковид-19 е двојно поголем отколку британскиот.

Лекарите исто така забележуваат дека ризикот од хоспитализација е значително поголем кај пациенти кои имаат пет или повеќе други заболувања.

Истражувањата покажуваат дека вакцинацијата е сигурен начин да се намали ризикот од инфекција, иако Астра Зенека и Фајзер се помалку ефикасни против индиската верзија отколку британскиот сој. Сепак, лекарите наведуваат дека немаат доволно податоци за хоспитализирани пациенти со новиот коронавирус за да ги споредат вакцините.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk