logo
logo
logo

Британскиот вид во Данска откриен во скоро половина од позитивните тестови минатата недела

Vecer | 16.02.2021

Британскиот вид во Данска откриен во скоро половина од позитивните тестови минатата недела


Данска го потврди британскиот вид коронавирус во речиси половина од позитивните тестови во втората недела од февруари, изјави министерот за здравство на оваа земја.

Иако бројот на инфекции со коронавирус во Данска е намален, британскиот вид се шири, додаваат властите во оваа земја.

„Стапката на инфекција со овој вид, што покажува колку луѓе може да бидат заразени од едно лице заразено со оваа варијанта, е 1,25“, напиша данскиот министер за здравство на „Твитер“.

Според последните податоци од здравтсвените власти, првата недела од оваа година британскиот вид коронавирус бил откриен кај 3,7 проценти од позитивните тестови, а за споредба, во втората недела од февруари, по анализата на генетскиот материјал, британскиот вид бил најден кај 45 проценти од сите позитивни тестови, истакна министерот  за здравство на Данска.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk