Нил Периш, пратеник кој ги застапува Тивертон и Хонитон во југозападната англиска област Девон, денеска е суспендиран од партијата по разговорите со Крис Хитон-Харис, шефот на дисциплинската комисија меѓу конзервативците.
Истрагата на Независниот одбор за жалби и поплаки е покрената по обвинувањата против него на состанокот на конзервативните пратеници во вторникот. Периш, претседател на Комитетот за животна средина, храна и рурални прашања, ја претставувал изборната единица Девон од 2019 година.
Премиерот Борис Џонсон рече дека гледањето порнографија е неприфатливо на кое било работно место.
Скандалот избувна во време кога Џонсон и неговата партија се под притисок поради забавите во резиденцијата на премиерот на Даунинг стрит кога земјата беше под строг карантин. Џонсон е под истрага за лажење на парламентот за истите корона- забави.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата