logo
logo
logo

Британската кралица Елизабета Втора ја ОДБИ наградата за старост – се изјасни дека не ги исполнува критериумите

Vecer | 20.10.2021

Британската кралица Елизабета Втора ја ОДБИ наградата за старост – се изјасни дека не ги исполнува критериумите

Кралицата Елизабета Втора ја одби наградата која ја доделува британското списание „Олди“ на постари луѓе, оценувајќи дека не ги исполнува дадените критериуми – пренесуваат од „Бета“.

Ова списание кое за себе вели дека го претставува алтернативниот печат, „опседнат со младост и слава“, откри дека им предложи на челниците во Бакингемската палата наградата „Стара личност на годината“ да ја додели на 95 годишната кралица која е на тронот речиси седум децении.

„Олди“ денес пренесе писмо со одбивање испратено на 21 август од шкотскиот замок Балморал, каде што престојува кралицата од крајот на летото и кое беше потпишано од нејзиниот помошник секретар, Том Ланг – Бејкер.

„Нејзиното Височество смета дека ги имаме годините што ги чувствуваме и затоа не мисли дека ги исполнува критериумите за да ја прифати наградата“ – напиша тој.

Кралицата помина период на карантин поради коронавирусот во замокот Виндзор во близина на Лондон. И покрај шпекулациите дека ќе се пензионира по смртта на нејзиниот сопруг Филип во април, таа учествуваше во бројни јавни ангажмани.

Минатата недела, таа беше видена како оди со бастун, за прв пат од 2004 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk