logo
logo
logo

Британија: Вакцината на „Астра зенека“ да не им се дава на помлади од 30 години

Vecer | 07.04.2021

Британија: Вакцината на „Астра зенека“ да не им се дава на помлади од 30 години

Британскиот мешовит комитет за вакцинација и имунизација им препорача на британските власти вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 да не им се дава на лица помлади од 30 години поради многу реткиот и непосакуван ефект на згрутчување на крвта во мозокот.

Веи Шен Лим, претседател на Комитетот за Ковид-19, рече дека врз основа на достапните податоци и докази одборот советува дека на возрасните под 30 години, кои немаат здравствени проблеми, треба да им се понуди алтернатива на вакцината доколку таа постои.

Тој објасни дека за помладите луѓе кај кои ризиците од хоспитализација се многу помали подобро е да се користат други вакцини кога ќе се земат предвид ризиците и придобивките од вакцината на „Астра зенека“.

„Не препорачуваме да се запре вакцинацијата во кое било време и за која било возрасна група. Препорачуваме да се даде предност на една вакцина пред друга за одредена возрасна група, навистина поради исклучителна претпазливост, и не затоа што имаме сериозна загриженост за безбедноста на вакцината“, рече Лим на состанокот.

Тој додаде дека луѓето сепак треба да ја земат втората доза од вакцина на „Астра зенека“ доколку ја добиле првата.

Препораката беше објавена откако британскиот медицински регулатор утврди можен несакан ефект од вакцината развиена од „Оксфорд“ кај која може да се јави ретко згрутчување на крвта во мозокот.

Извршниот директор на регулаторот, Џун Рајн, истакна дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците за огромното мнозинство луѓе, што беше потврдено денес од Европската агенција за лекови.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk