logo
logo
logo

Бразилскиот претседател со став дека ОН престанале да функционираат бидејќи не успеале да ги заштитат жртвите од војната во Појасот Газа

Vecer | 25.10.2025

Бразилскиот претседател со став дека ОН престанале да функционираат бидејќи не успеале да ги заштитат жртвите од војната во Појасот Газа

Лула разговараше со новинарите по средбата со малезискиот премиер Анвар Ибрахим пред самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур, каде што се очекува бразилскиот лидер да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Кој може да го прифати геноцидот што толку долго се случува во Појасот Газа?“, рече Лула по билатералната средба насочена кон зајакнување на врските меѓу двете земји.

„Мултилатералните институции што беа создадени за да се обидат да спречат овие работи да се случат престанаа да функционираат. Денес, Советот за безбедност на ОН и ОН повеќе не функционираат“, рече Лула.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk