logo
logo
logo

Бразилскиот претседател побара од Конгресот прогласување природна катастрофа во Рио Гранде

Vecer | 07.05.2024

Бразилскиот претседател побара од Конгресот прогласување природна катастрофа во  Рио Гранде

Над 130 лица се водат како исчезнати по поплавите во кои 150.000 лица ги напуштија своите домови, извести Цивилната заштита.

Покрај уништувањето на патишта и мостови во повеќе градови, предизвикани се и одрони кои се закануваат со уште поголема катастрофа.

Поради тоа, бразилскиот претседател Лула бара од Конгресот да прогласи елементарна непогода во споменатата сојузна држава, со цел да се одобрат дополнителни буџетски средства, без оглед на фискалните правила усвоени минатата година со кои се пропишува горната граница на трошење на сојузните држави.

- Дури кога водата ќе се повлече ќе видиме колкава е штетата. Засега сè уште немаме проценка, изјави бразилскиот министер за планирање и буџет Симоне Тебет.

Иако дождовите се честа појава во овој период од годината во јужниот дел на Бразил, 72-годишниот Флавио Роса од гратчето Каноас вели дека никогаш во животот не видел уништување од ваков обем предизвикано од дождови.

- Секако дека имало поплави и претходно, но никогаш вакво нешто, рече тој.

Поради обилните дождови во јужен Бразил загинаа 60 лица, повеќе од 70 се водат како исчезнати

Според локалните временски прогнози, врнежите може да се вратат оваа недела во помали количества, а поголеми количества се очекуваат меѓу 10 и 15 мај.

- На краток и на среден рок метеоролошките прогнози не се добри. И покрај подобрувањата во некои делови од земјава, некои области ќе бидат проследени со тешки временски услови подолго време, се наведува во прогнозата.

Гувернерот на државата Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачите ќе добијат пристап до се повеќе места.

Поплавите не само што ја оштетија патната инфраструктура, туку и бројни фирми и фабрики што мораа да престанат со работа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk