logo
logo
logo

Борел: Војната во Украина може да заврши со поделба, како во Кореја

Vecer | 28.11.2022

Борел: Војната во Украина може да заврши со поделба, како во Кореја

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел оцени дека „можно е војната во Украина да не заврши, да закочи како во Кореја (1953) и да има примирје и одредување на линијата на поделба“.

Борел во дискусијата во Центарот за меѓународни односи во Барселона (ЦИДОБ) рече дека „тоа би можело да биде излез од војната, иако често се зборува за тоа кој би можел да победи“.

Според шпанскиот весник „Вангардија“, тој истакнал дека би било неопходно украинската и руската страна да се повлечат од своите позиции и да се откажат од барањата, бранејќи или освојувајќи територии, со цел украинскиот вооружен конфликт да се одвива како во Кореја.

Шефот на европската дипломатија јасно стави до знаење дека негова задача е да ги убеди оние земји кои не сакаат да заземат страна во украинската војна дека „лошата страна во тој филм е Русија, а не санкциите на ЕУ“.

Корејската војна во 1953 година заврши со пакт за примирје и ненапаѓање, потпишан од Северна Кореја и Соединетите Американски Држави како сојузник на Јужна Кореја, и во принцип, забележува Vanguardia, требаше да доведе до конечен мировен договор, а земјата сè уште е поделена со демилитаризирана зона.

Борел, исто така, изјави дека „сè уште е рано да се размислува за какви било мировни преговори или да се размислува за каква било обнова на Украина, но сите напори треба да се фокусираат на избегнување понатамошно уништување“.

Според него, Европа не смее да дозволи да се заморува од војна, иако Европската унија во целина и онака не може да има важен збор во мировните преговори бидејќи Русија не дозволува ЕУ да биде соговорник.

“Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров секогаш сакаше директно да разговара со министрите на членките на Унијата, а не со мене“, објасни Борел.

Тој смета декаЕУ сепак мора да биде на преговарачка маса „бидејќи санкциите се клучен елемент на какви било преговори и затоа што безбедноста во Европа е наша безбедност“.

Имајќи ја предвид штетата предизвикана од последиците од украинската војна, како што е скокот на цените на енергијата и храната, шефот на Европската служба за меѓународни односи и безбедност (ЕЕАС) посочува дека решенијата за проблемите создадени од војната треба да да се бараат.

„Ако Русија победи во војната, таа ќе оди по следната цел“, рече Борел.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk