logo
logo
logo

БОМБА ОД ПАРИЗ! Марин ле Пен прогласена ВИНОВНА!

Vecer | 31.03.2025

БОМБА ОД ПАРИЗ! Марин ле Пен прогласена ВИНОВНА!

Францускиот суд денеска ги прогласи за виновни Марин ле Пен и уште осум други пратеници во Брисел од нејзината десничарска партија Национален собир за проневера на средства на Европскиот парламент.

BFMTV пренесува дека оваа пресуда автоматски значи дека на Ле Пен и е забрането да се кандидира за јавна функција.

Се наведува дека останува да се види дали пресудата веднаш ќе се спроведе.

На крајот од судењето во ноември минатата година, обвинителите побараа Ле Пен и уште 24 лица да бидат прогласени за виновни, а во случајот со најпознатата француска десница, не само што бараа парична казна од 300.000 евра и затвор, туку и забрана за кандидирање за која било јавна функција во следните пет години.

„Тие ја сакаат мојата политичка смрт“, рече Ле Пен по обраќањето на обвинителите.

Ле Пен води во анкетите за претседателските избори во 2027 година со поддршка од 34 до 37 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk