logo
logo
logo

Огромни бранови го поплавија Сиднеј: Ова е страшно, никогаш немало нешто вакво (ВИДЕО)

Vecer | 02.04.2025

Огромни бранови го поплавија Сиднеј: Ова е страшно, никогаш немало нешто вакво (ВИДЕО)

Во јужните предградија на Сиднеј, неколку домови беа евакуирани околу полноќ, откако бранови удрија во крајбрежната област, изјави портпаролот на Агенцијата за управување со вонредни состојби во Нов Јужен Велс, Ендрју Едмундс, пренесе АП.

На плажата Бонди, бранови високи и до 5,5 метри оштетија објекти долж брегот.

Во еден од комплексите со базен, теретана и ресторан, искршени се прозорци и стаклени врати.

"Ова е застрашувачко. Јас сум член 50 години и никогаш не сум видел нешто слично. Силата на водата беше неверојатна", изјави генералниот директор на клубот, Боб Тејт, додавајќи дека се оштетени околу 15 стаклени панели на палубата на базенот, како и подови и ѕидови.

На плажата Кронула, бранови високи четири метри оштетија пешачка патека и електрична инфраструктура, изјави спасителот Стив Винер.

Властите предупредија на континуирани опасни временски услови, вклучително и тешка ерозија на крајбрежјето и можна дополнителна штета од регионот Илавара јужно од Сиднеј до регионот Хантер на север.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk