logo
logo
logo

„Блокадата на Калининград МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ НОВА ВОЈНА“

Vecer | 30.06.2022

„Блокадата на Калининград МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ НОВА ВОЈНА“

Заменик-претседателот на Комитетот за надворешни работи на руската Дума, Владимир Џабаров, изјави дека одбивањето на Литванија да дозволи стоки под санкциите на ЕУ во руската енклава Калининград може да доведе до воен конфликт.

Тој рече дека може да дојде до „вооружен конфликт“ доколку Калининград биде блокиран. „Руската држава мора да ја заштити својата територија и да ја зачува безбедноста. Доколку видиме закана за нашата безбедност која е придружена со можност за губење територија, секако дека ќе преземеме екстремни мерки и ништо нема да не спречи“, рече Џабаров.

Неговата изјава уследи по предупредувањето од Кремљ дека ќе реагира на транзитното ограничување.

Обидот на Русија да ја искористи армијата против Полска или Литванија ќе предизвика директен конфликт со НАТО, чии членки се Полска и Литванија. Според Повелбата на НАТО, сојузниците се обврзани да ја заштитат секоја нападната земја-членка.

Литванија претходно нагласи дека забраната за транзит на руска стока е дел од четвртиот пакет санкции на ЕУ и дека се однесува само на челик и метали кои содржат железо. Земјата го отфрли тврдењето на Русија дека станува збор за блокада на Калининград, бидејќи преку Литванија може да поминуваат стоки што не подлежат на санкции и патници од железницата.

Во согласност со санкциите на ЕУ, од јули ќе биде забранет транзитот на други стоки произведени во Русија, од август транспортот на јаглен, а во декември ќе биде забранет транзитот на нафта и нафтени деривати.

Русија тврди дека транзитните ограничувања се прекршување на претходните договори со ЕУ за слободен премин на стоки до Калининград.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk