Важно е луѓето од двете страни на границата да можат да се вратат во своите домови, рече Блинкен, пренесен од Скај њуз.
Блинкен денеска одвоено ќе се сретне и со министрите за надворешни работи на Јордан и на Обединетите Арапски Емирати, а се очекува тие разговори да се фокусираат на поддршка на плановите за стабилност, безбедност и закрепнување на луѓето во Газа по завршувањето на војната.
Средбата со Микати уследи по тридневната турнеја на Блинкен на Блискиот Исток, за време на која тој ги посети Израел, Саудиска Арабија и Катар./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата