logo
logo
logo

Блед и исцрпен: Бил Клинтон се огласил после хоспитализација, едвај ... (видео)

Vecer | 21.10.2021

Блед и исцрпен: Бил Клинтон се огласил после хоспитализација, едвај ... (видео)

Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон се огласи после престојот во болница. Тој на Твитер објави снимка во која зборува за здравствена состојба после пет ноќи поминати под надзор на докторите, велејќи дека е „на пат на кон опоравување“

Клинтон на снимката се заблагодарува на сите кои се загрижиле за него посакувајќи му брзо оздравување, а убави зборови има и за здравствените работници кои се грижеле за него додека беше хоспитализиран поради уролошка инфекција која  му прдизвикала сепса.

- Драго ми е што се вратив дома. Одлично се чуствувам и уживам во убавото време. На пат сум кон опоравување и сакам да ги потсетам сите да одвојат време да го слушнат своето тело и да се грижат за себе. Сите имаат работа и секој од нас има важна улога во животот и во блиска иднина. Ќе дадам се од себе да бидам тука, да продолжам да правам најдобро што можам – рече Клинтон.

Корисниците на Твитер веднаш напишаа голем број коментари, во кои му посакаа брзо опоравување, додека многумина забележаа дека делува исцрпено и едвај зборува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk