logo
logo
logo

БИТКА КЛУЧЕН ГРАД на исток - Русија сака целосна контрола

Vecer | 26.05.2022

БИТКА КЛУЧЕН ГРАД на исток - Русија сака целосна контрола

Украина се бори да ја одржи контролата над клучниот автопат кон градот Северодонецк на линијата на фронтот, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Олександр Мотузјаник, на брифингот изјави дека постојат алтернативни патишта за снабдување на украинските единици во Северодонецк, кој од три страни е опколен со руски сили. Целта на Русија е целосно да ги опколи украинските единици во градот, како и во блискиот Лисичанск, додаде тој.

Руските сили се обидуваат да ја преземат контролата врз Северодонецк, Лисичанск и Рубижне со цел да ја стават целата област на Луганск под руска окупација, соопшти Министерството.

Луганск сочинува половина од источниот регион на Донбас, каде што Москва ги пренасочи своите воени напори. Многумина веруваат дека Путин би можел да ја добие војната доколку Русија ја преземе контролата над Донбас.

„Се води интензивна офанзива против клучен град“

Министерството за одбрана објави и дека руските сили „спроведуваат интензивна офанзива“ со цел да го заземат клучниот град Лиман во областа Доњецк.

Портпаролот на министерството рече дека напорите на Русија да ја „преземе целосната контрола“ врз Лајман „пропаднале“.

Лајман познат како Красни Лајман важен железнички центар и ако Русите успеат да ја консолидираат контролата над градот, блискиот град Славјанск ќе стане поподложен на артилериски напади, а украинските војници југоисточно од Лиман ќе бидат под зголемена опасност од опсада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk