logo
logo
logo

„Бионтек“: Досега сè укажува дека вакцината на „Фајзер“ е ефикасна и против новите видови

Vecer | 10.05.2021

„Бионтек“: Досега сè укажува дека вакцината на „Фајзер“ е  ефикасна и против новите видови


Германската лабораторија „Бионтек“ објави дека смета на ефективноста на својата вакцина, развиена во соработка со американски „Фајзер“, кога станува збор за сегашните варијанти на коронавирусот САРС-КоВ-2, додавајќи дека ниту една студија во моментов не покажува дека е потребно да се развие нова формула.

„Во овој момент, нема индикации дека вакцината на „Бионтек“ против Ковид-19 треба да се прилагоди на новите варијанти на вирусот“, соопшти германската лабораторија.

Засега, се додава во соопштението, „Бионтек“ е насочен кон развој на комплетна стратегија за борба против варијантите доколку се појави потреба во иднина.

Затоа, лабораторијата започна со тестирање на верзија на вакцина изменета специјално за варијантите на коронавирусот во март, доколку САРС-КоВ- значително се промени и е потребна нова вакцина.

Исто така, се испитува влијанието на можната трета доза на вакцина врз продолжувањето на стекнатиот имунитет и заштитата од нови варијанти.

Извршниот директор на „Бионтек“, Угур Сахин, во април рече дека нивната вакцина е ефикасна против индиската варијанта на коронавирус.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk