logo
logo
logo

Берлин изгласа закон за садење дрвја, до 2040. во градот мора да има милион

Vecer | 08.11.2025

Берлин изгласа закон за садење дрвја, до 2040. во градот мора да има милион

Само крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) гласаше против мерката, која беше покрената од граѓанска иницијатива, пренесе 24сата.

Целта на законот е да се гарантира дека Берлин ќе има милион дрвја до 2040 година, што е над двојно повеќе од денес.

Сеопфатен план за позелен Берлин

Планирани се и дополнителни мерки, како што се создавање повеќе зелени површини и подобро користење на дождовницата, а целиот проект треба да чини 3,2 милијарди евра.

Пратеникот од опозицијата Бенедикт Лукс од Зелените ја повика федералната влада да го спроведе законот што е можно побрзо.

„Не мора да бидете ботаничар за да знаете дека само еден закон нема да ги натера дрвјата да растат сами по себе“, рече тој.

Граѓанската иницијатива BaumEntscheid го смета законот за пресвртница на патот кон позелен Берлин, што ќе го направи германскиот град поотпорен на глобалното затоплување.

Портпаролот Хајнрих Штросенројтер изјави дека неговата имплементација мора да започне веднаш по парламентарната одлука.

„Времето е важен фактор во прилагодувањето кон климатските промени“, истакна тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk