logo
logo
logo

Бербок во Дамакс ја отвори Амбасадата на Германија

Vecer | 20.03.2025

Бербок во Дамакс ја отвори Амбасадата на Германија

Тоа е втора посета на Бербок на Сирија по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал Асад. Таа ќе се сретне со претставниците на сириската преодна влада и претставници на граѓанското општество, како и со привремениот претседател Ахмед ал Шара.

Посетата на германската министерка за надворешни работи е само две недели по жестоките судири во северозападна Сирија во кои загинаа стотици луѓе.

Бербок претходно го осуди „целното убиство на цивили“ за време на неодамнешните судири, нарекувајќи ги „ужасно злосторство“ што значително ќе ја наруши меѓусебната доверба. Сепак, таа ја потврди посветеноста на Германија да продолжи да обезбедува хуманитарна помош за Сирија и сигнализираше потенцијално олеснување на санкциите доколку се исполнат одредени услови.

- Можен е нов политички почеток меѓу Европа и Сирија, меѓу Германија и Сирија, истакна Бербок, додавајќи дека тоа ќе бара јасна посветеност за обезбедување слобода, безбедност и еднакви можности за сите Сиријци, без оглед на нивниот пол, етничка припадност и религија.

Башар Асад владееше со Сирија повеќе од две децении. По молскавична офанзива на исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам на крајот од минатата година, тој беше соборен и побегна во Русија. Оттогаш, новата преодна влада и привремениот претседател Ахмед ал Шара се обидуваат да ја вратат безбедноста и да ја оживеат националната економија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk