logo
logo
logo

Алармантна е состојбата во Мадрид- река го поплавува градот, апел до граѓаните да не патуваат

Vecer | 21.03.2025

Алармантна е состојбата во Мадрид- река го поплавува градот, апел до граѓаните да не патуваат

Нивото на мадридската река Манзанарес нагло порасна, поради што нејзиниот проток се зголемил за 15 пати, објави денеска Ел Паис.

Блокади има на пет регионални автопати, а Генералниот директорат за транспорт повика на ограничување на патувањето со автомобили во главниот град и регионот.

Министерството за труд препорача работење на далечина, а Универзитетот Комплутенсе, Автономниот универзитет во Мадрид, Универзитетот Крал Хуан Карлос и Политехничкиот универзитет во Мадрид ја прекинаа наставата.

Ситуацијата во главниот град наводно е загрижувачка поради континуираните дождови, топењето на снегот на планините Сиера и зголемувањето на количината на вода што се испушта во Мансанарес од браната Ел Пардо.

Советодавниот комитет за планирање поплави препорача граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, особено во близина на реки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk