Бен Гвир, лидерот на ултранационалистичката партија, во видео порака рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прави „грешка“ со тоа што ги депортира, објави „Тајмс оф Израел“.
„Мислам дека треба да бидат држани тука неколку месеци во израелски затвор, за да се навикнат на мирисот на терористичкото крило“, нагласи Гвир.
Тој исто така изјави дека, како што тврди, Нетанјаху не може постојано да ги депортира во нивните матични земји „затоа што се враќаат одново и одново и одново“.
Израелската морнарица во среда вечерта притвори повеќе од 470 активисти на 42 брода што ја сочинуваа Глобалната флотила „Сумуд“, а Министерството за надворешни работи на Израел претходно соопшти дека четворица активисти веќе се депортирани, додека за другите е покрената постапка за депортација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата