logo
logo
logo

Белгија нема да има редовна влада најмалку до средината на октомври

Vecer | 03.09.2024

Белгија нема да има редовна влада најмалку до средината на октомври

Максим Прево, кој беше задолжен од кралот Филип да бара излез од застојот во преговорите, ја оцени својата мисија како успешна. Партиите од идната коалиција вчера ги продолжија преговорите, кои започнаа по изборите во јуни, откако на 22 август Барт де Вевер, носител на мандатот и веројатно иден премиер, ги прекина средбите со своите политички партнери. Де Вевер ги обнови преговорите на почетокот на оваа недела.

Прево, претседател на партијата „Обврзани“, изрази очекување Де Вевер да подготви нова програма за владеење, откако не беше постигнат договор за прашањата за буџетот и реформите во пензискиот систем, вработеноста и даночното оптоварување. Според Прево, досегашните преговори направија напредок и по нивното обновување нема да се започне од почеток./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk