Ова е последен Божиќ во Белата куќа за семејството Бајден, а првата дама им се заблагодари на повеќе од 300 волонтери кои помогнаа во украсувањето.
„На крајот од секоја година, се свртуваме кон надежта за подобро утре. Додека ги славиме нашите последни празници овде во Белата куќа, се држиме за вредностите што ги чуваме свети: верата, семејството, службата за нашата земја, љубезноста кон нашите соседи и моќта на заедницата е она што нѐ ја инспирира за оваа празнична тема“, рече сопругата на Џо Бајден.
Главната декорација е голема елка опкружена со рунгишпил, што е најголемото отстапување од традицијата. Има и ѕвона кои ги красат ходниците и снегулки на таванот кои го претставуваат снегот што паѓа.
За аранжманот беше задолжен Брајан Рафанели, дизајнер кој исто така соработуваше со семејството Обама. Највпечатливо е дрвото во Сината соба, наречено Рингишпил на светлината, а украсено е со светли коњи. Во големата библиотека има повеќе од 100 керамички новогодишни елки - од 8 сантиметри во висина до речиси еден метар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата