logo
logo
logo

Белата куќа изрази сочувство по повод трагичната авионска несреќа во Јужна Кореја

Vecer | 30.12.2024

Белата куќа изрази сочувство по повод трагичната авионска несреќа во Јужна Кореја

-Како блиски сојузници, американскиот народ споделува длабоки врски на пријателство со народот на Јужна Кореја и нашите мисли и молитви се со оние погодени од оваа трагедија, изјави Бајден.

Во Јужна Кореја вчера се случи една од најлошите авионски несреќи во историјата на оваа земја кога патничкиот авион на авиопревозникот „Чеџу Ер“ слета на аеродром во југозападниот дел на земјата и се запали по приземјувањето, при што загинаа 178 патници и членови на екипажот, само двајца од членовите на екипажот ја преживеале несреќата. Авионот полетал Банког, Тајланд.

Бајден рече дека САД се спремни да им обезбедат на властите во Јужна Кореја секаква потребна помош за да се расветлат причините за оваа авионска несреќа.

Американската Администрација за безбедност во транспортот изјави синоќа дека ќе испрати специјалисти за да работат на истрагата околу трагичното слетување на авионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk