logo
logo
logo

Бела куќа: Бајден ќе има видео средба со лидерите на ЕУ за Украина

Vecer | 24.01.2022

Бела куќа: Бајден ќе има видео средба со лидерите на ЕУ за Украина

Американскиот претседател ќе разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, британскиот премиер Борис Џонсон и полскиот претседател Анджеј Дуда.

Видео средбата ќе се одржи во кризната соба во Белата куќа.

„Видео состанокот е дел од нашата размена и тесна координација со нашите сојузници и трансатлантските партнери како одговор на руското воено засилување на украинската граница", соопшти Белата куќа.

Француските медиуми пренесуваат дека ставот на Вашингтон и Европејците за Украина се чини дека не е усогласен.

САД сега споменуваат можна инвазија на Украина „во секое време" и најавија повлекување на дел од персоналот од нивната амбасада во Киев. Обединетото Кралство и Австралија го направија истото.

Некои европски лидери бараат објаснувања за тоа што тие го сметаат за „можна прекумерна драматизација" на САД. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk