Претставник на Белата куќа ги демантираше извештаите за планирано обраќање на Трамп, кој во текот на ноќта објави видео на својата платформа Truth Social најавувајќи ги нападите и повикувајќи на „промена на режимот“ во Техеран.
- Тие информации не беа точни. Белата куќа нема дадено никакви насоки за обраќање или изјави денеска, изјави функционер за новинарите во Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп за „Вашингтон пост“ изјави дека сака „слобода“ за Иранците, додека американските и израелските сили го напаѓаат исламскиот режим.
- Сè што сакам е слобода за народот. Сакам безбедна иранска нација и тоа е она што ќе го имаме, изјави тој за весникот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата